Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Милер за новата пресметка со ПСЖ: Овојпат нема да има „догледање“! (Видео)

Објавено

на

Томас Милер се најде во центарот на вниманието пред четвртфиналињата меѓу Баерн Минхен и ПСЖ во 2021-ва година, односно предвреме се „збогуваше“ од францускиот првак со зборовите „до гледање“.

Неговата шега многумина ја сфатија како директна провокација и потоа сеир за елиминацијата му фаќаше дури и девојката на Верати, но речиси две години подоцна, Томас и неговиот Баерн повторно ќе се сретнат со ПСЖ во месец февруари 2023-та година.

Денешната ждрепка посака Баерн-ПСЖ да биде една од двете мега пресметки во осминафиналето во Лигата на шампионите, а Милер не разочара и експресно брзо излезе со коментар за овој двомеч кој следи.

– Здраво! Повторно Париз. Двда големи тима со многу големи играчи. За жал, само еден ќе може да помине во следната рунда.

– Овојпат нема да има „до гледање“ од мене. Имам голем респект кон ПСЖ и овој меч со нив доаѓа многу рано. Ќе гледаме многу добра пресметка наредната година, – порача Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни