Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Милер откри за кого навива во полуфиналето меѓу Сити и Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Милер е вистинска легенда на Баерн Минхен и во завршницата од сезоната е фокусиран само кон одбрана на титулата во Бундеслигата, трофеј за кој единствено остана да се бори баварскиот великан кој имаше ужасен крај на месец април.

Германскиот првак доживеа елиминација во Купот, но многу поболна беше онаа во Лигата на шампионите, која направи Манчестер Сити да биде тимот кој оди на мегдан со Реал Мадрид.

Милер традиционално ги најавува сите големи натпревари кои ги игра Баерн во Европа, но сега кога не може да го прави тоа, даде свој искрен одговор за полуфиналето кое ќе го играат Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Првиот меч во шпанската престолнина заврши 1:1, а пред реваншот на „Итихад“ кој се игра в среда, Милер откри дека негов фаворит сепак е Реал Мадрид.

– Лично говорејќи за себе, јас сум повеќе за Реал. Тоа е така и поради Давид Алаба. Фудбалски гледано, сметам дека двете екипи се навистина многу добри, играат атрактивен и убав фудбал. Ќе гледаме врвен фудбал во среда, но јас сакам да пројде Реал, – открива Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни