Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Милер го посочи својот омилен играч од ПСЖ: Имаме анти-план за него, утре нема да се забавува

Објавено

на

Томас Милер како еден од најискусните во тимот на Баерн Минхен му правеше друштво на Јулијан Нагелсман на прес-конференцијата, која беше најава за утрешниот реванш во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Германскиот репрезентативец беше доста отворен и им откри на новинарите дека Баерн има посебен „анти-Мбап“ план за утрешниот меч, бидејќи според сите нив, тој е убедливо најдобриот играч на ПСЖ, човек кој прави разлика на теренот.

– Мбапе е мојот омилен играч во ПСЖ, во тоа нема никакви дилеми. тој е експлозивен, секогаш носи правилни одлуки во шеснаесетникот и надвор од него. Цел свет ужива додека го гледа како игра фудбал.

– Но, наша цел утре ќе биде да го вознемириме и да го уништиме неговиот план. Ако нашиот план успее, тој нема да се забавува во Минхен. Ја сфаќам неговата изјава, вели дека ПСЖ има шанси за пласман во следната фаза. Тој има голема самодоверба и затоа го вели тоа.

– Сепак, јас сметам дека ние имаме блага предност. Победивме на првиот меч и наша предност е тоа што играме и на домашен терен. Резултатот 1:0 е доста опасен, а во 90 минути фудбалот многупати ни покажал дека ништо не може да се предвиди, – изјави Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни