Поврзете се со нас

Италија

Милан во напредни преговори за ангажман на офанзивецот на Ливерпул

Објавено

на

Станува и повеќе од јасно дека тимот на Милан за следната сезона ќе биде засилен за еден офанзивец на Ливерпул.

Се работи за белгискиот репрезентативец, Дивок Ориги кој не успеа да се избори за поголема минутажа кај Јирген Клоп и покрај тоа што кога и да добиеше шанса таа ја користеше.

Фабрицио Романо пренесува дека од Милан сега работат на последните детали за да го комплетираат договорот на Ориги кој на „Сан Сиро“ би пристигнал како слободен агент.

Од таборот на Ливерпул се свесни за преговорите меѓу двете страни и знаат дека договорот е речиси исполнет во целост.

Самиот играч го информирал клубот дека сака да си замине уште пред неколку месеци, а во неговата намера добил целосна поддршка од тренерот на „црвените“, Јирген Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни