Поврзете се со нас

Формула 1

Михаел Шумахер следните денови оди на клучна операција кај познат француски доктор

Објавено

на

Легендарниот Формула 1 шампион, Михаел Шуамхер во следните неколку денови ќе оди на клучна операција која ќе му ја извршува светски познат доктор.

Операцијата со матични клетки ќе ја изврши познатиот француски доктор, Филипе Менаш, и истата ќе треба да го регенерира нервниот систем на Шумахер.

Истиот доктор го оперирал Германецот и во септември минатата година, а тоа ќе го стори и сега кога ќе му ги замени оштетените матични клетки со нови кои се земени од коскената срж.

Состојбата на Михаел Шумахер се уште не е детално позната во јавноста, па никој не знае дали легендарниот пилот напредува во рехабилитацијата по катастрофалнтие повреди кои ги доби во 2013 година кога се повреди скијајќи на француските Алпи.

Неодамна поранешниот тимски колега на Шуми од Ферари, Фелипе Маса откри дека знае каква е неговата состојба но потенцираше дека ќе ги следи желбите на неговото семејство и дека немада кажува детали во јавноста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни