Поврзете се со нас

Свет

Меси за настапот на СП во 2026: Со оглед на годините…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Argentina

Лионел Меси успеа да го оствари најголемиот сон и со неговата Аргентина стана светски шампион и тоа на првенството кое се одигра во Катар.

Со ова Лео затвори уште едно поглавје во кариерата и сега едноставно може да ужива во преостанатите години до крајот на играчката кариера. Тој на клупски план се реши да влезе во помирни води и потпиша за Интер Мајами, но во исто време не се откажува од националниот и настапува за репрезентацијата.

Неговата улога е од исклучително, клучно значање и сонародниците ќе направат се за да го убедат да игра за Аргентина и на СП во 2026 година. Меси во неколку наврати има истакнато дека тоа ќе биде многу тешко, невозможно, ама како што минува времето тој остава простор и за такво сценарио.

-Со оглед на годините што ќе ги имам во тоа време, изгледа тешко, но ќе видиме, -порачал Лео.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни