Поврзете се со нас

Светски првенства

Меси „танцува“ на СП, Морган не се откажува од неговиот миленик: Се знае кој е „GOAT“ (ФОТО)

Објавено

на

Лионел Меси имаше уште едно квалитетно издание на Светското првенство, па со гол и асистенција и помогна на Аргентина да ја реши Хрватска со 3-0 со што беше обезбеден пласман во големото финале во Катар.

Големи комплименти, пофалби се упатија на адреса на офанзивецот во изминативе часови, а секогаш кога е жешка темата, поточно некој од ѕвездите е во елемент веднаш се става на маса прашањето за „GOAT“ (најголем на сите времиња).

Гери Линекер по новото шоу имаше твит на социјалните мрежи во кој праша дали се уште има дилеми кој е „GOAT“.

Тука се јави миленикот на Кристијано Роналдо, човекот кој му го направи последното интервју на Португалецот, Пирс Морган. Морган застана на страна на Кристијано за да потоа рангирајќи го Меси дури на четвртото место на листата на најдобрите во историјата.

Според Морган зад Роналдо се Марадона, потоа Роналдо (Бразилецот), па Лео.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни