Поврзете се со нас

Шпанија

Меси со растрепен глас и на работ од солзи се потсети на разговорите кои ги имал со Виланова (Видео)

Објавено

на

Поради проблеми со задната ложа, Лионел Меси нема да ризикува и нема да игра на вечерашниот натпревар против Реал Сосиедад, па останува да видиме каква ротација ќе направи Куман во стартната постава во отсуство на својот најдобар играч.

Медиумите од Каталонија соопштуваат дека Меси самиот одлучил дека нема никакви шанси да заигра на Суперкуп натпревар против баскијскиот тим, но во најавата за истиот, се појави и едно емотивно видео кое Барселона го објави како промоција на специјалниот документарец посветен на Тито Виланова.

Легендата на клубот и тренерот кој ја освои Примера со 100 освоени бода како предвоник на Барса беше вистински миленик меѓу фудбалерите од првиот тим, а еден од нив беше и Лео Меси кој многу тешко ја поднесе неговата смрт.

Дури и шест години по неговата смрт, Меси со растреперен глас зборуваше за Тито и речиси се расплакува во делот од филмот во кој тој зборува за Виланова, видео кое секако ги трогна верните фанови на каталонскиот гигант.

– Имав многу конверзации со Тито, но секогаш зборувавме за фудбал и за тоа што може да се случи на натпреварите, што може да очекуваме на натпреварите кои следат. Сепак, најспецијален беше последниот разговор, бидејќи истиот беше како збогување…, – вели Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни