Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Меси со „паненка“ му донесе победа на ПСЖ, „кралевите“ супериорни во Украина (ВИДЕО)

Објавено

на

Францускиот вицешампион Пари Сен Жен се избори за победа на РБ Лајпциг во вечерашната пресметката на „Паркот на принцовите“.

Домашниот состав мораше да прави пресврт за да дојде до посакуваниот триумф и тоа од 3-2. Бундеслигашот уште еднаш потврди дека знае да биде незгоден, непредвидлив, па со погодоците на Силва и Муиеле дојде до водство од 2-1, односно го „избриша“ голот што во 9 минута го даде Мбапе.

„Светците“ притиснаа и тоа вроди со плод, па така Меси во 67 минута израмни на 2-2 за да истиот играч во 74 со паненка го реализираше пеналот за 3-2. До крајот ПСЖ имаше шанса и да дојде до 4-2, меѓутоа Мбапе не погоди од 11 метри.

Во Украина пак Реал Мадрид го згази Шахтјор со 5-0 со што на најдобар можен начин му се одмази за двата порази од минатата кампања. Кривцов во 37 си даде автогол за да во вториот дел Винисиус Жуниор (2), Родриго и Бензама ја заокружат извонредната партија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни