Поврзете се со нас

Свет

Меси: Ќе се пензионирам кога…

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси во месец јуни ќе го прослави 37 роденден, но без разлика на тоа тој засега не размислува за оставање на копачките, поточно за крај на играчката кариера.

Членот на Интер Мајами знае кога би се повлекол, но возраста во тоа нема да одигра улога.

-Знам дека во моментот кога ќе почувствувам дека повеќе не сум подготвен за настап, дека повеќе не уживам или да им помагам на моите соиграчи, ќе се откажам.

-Многу сум самокритичен кон себе, знам кога сум добар, кога сум лош, кога играм добро и кога играм лошо. Кога ќе почувствувам дека е време да го направам тој чекор, ќе го преземам без да размислувам за годините. Ако се чувствувам добро, секогаш ќе се трудам да продолжам да се натпреварувам затоа што тоа ми се допаѓа и знам да го правам, -вели Аргентинецот кој нема план за тоа што би правел по крајот на оваа етепа од животот.

-Сè уште не сум размислувал што ќе правам кога ќе се пензионирам, денес се трудам да уживам во денот, во моментите, без да размислувам за иднината. Сè уште немам ништо јасно, се надевам дека ќе продолжам да играм уште некое време, што ми се допаѓа. Кога ќе дојде време, сигурно ќе најдам начин да го правам она што ме исполнува и што ми се допаѓа и нова улога. На спортски план имав среќа што можам да ги остварам сите мои соништа и вистината е дека не можам повеќе да побарам, -порача Лео во подкастот „Big Time“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни