Поврзете се со нас

Шпанија

Меси: Фудбалот никогаш повеќе нема да биде ист

Објавено

на

Капитенот на Барселона, Лионел Меси смета дека животот и фудбалот засекогаш ќе се променет по пандемијата, здравствената криза со коронавирусот што го зафати целиот свет.

Во изминативе месеци многу работи целосно се променија, држави се затворија, луѓето седеа/седат во карантин, многу лица за заболеа, многу лица починаа од КОВИД-19 и дефинитивно постои неизвесност околу тоа како каков ќе биде животот во иднина се додека не се пронајде вакцина.

-Во повеќето од нас постои сомнеж затоа каков ќе биде светот по ова што се случи. Зад затвореноста и ситуацијата што нè изненади, многу луѓе имаа навистина тешко време затоа што оваа ситуација влијаеше врз нив на некој начин, како што се случи со сите оние кои го загубија семејството и пријателите, не можеа ниту да ги видат.

-Во оваа криза имаше многу негативни работи. но не може да биде ништо полошо од тоа да ги загубите луѓето што најмногу ги сакате што создава огромна фрустрација за мене и ми се чини е најнеправедна работа од сите. Фудбалот како и животот воопшто, мислам дека никогаш повеќе нема да биде ист, -рече Меси за „Ел Паис“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни