Поврзете се со нас

Франција

Менди одбил премиерлигашка понуда пред да се договори со Лориен

Објавено

на

Foto:twitter.com/benmendy23

Бенжаман Менди се врати во својата Франција и ќе настапува за Лориен, што за него е одлична вест по проблемите кои ги имаше во Англија изминатите две години.

Левиот бек настапуваше за Манчестер Сити, но наместо да брка трофеи со Пеп Гвардиола, тој заврши во притвор по обвиненијата за сексуален напад и силување од неколку девојки.

По две години на релација затвор-суд, Менди беше ослободен од обвиненијата, а во меѓувреме му истече и договорот со Сити.

Англиските медиуми јавуваат дека Менди експресно добил понуда од Барнли, но решил истата да ја одбие, затоа што инсистирал да ја напушти земјата и да се врати во татковината.

Менди имал и финансиски повредни понуди од клубови како Олимпијакос, но сепак решил дека да засили клуб во кој ќе има помал притисок и повеќе можност да ужива на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни