Поврзете се со нас

Балкан

Мекиќ втор стрелец во новата победа на Задар

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkzadar

Екипата на Задар продолжува да бележи победи во најсилниот хрватски шампионат каде по славјето над Забок од 97:84 има перфектни „пет од пет“.

И покрај тоа што вчера играше во АБА лигата, составот на Задар имаше енергија и сила успешно да реши уште еден предизвик, а со тоа да потврди дека е во добра форма.

Страшна партија имаше Вујачиќ кој „испука“ осум тројки од единаесет обиди или вкупно имаше 37 поени. Зад него беше македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ кој за 30 минути на паркетот реализираше 14 кошеви со 4 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки.

Наредната средба за Мекиќ и соиграчите е против Цибона во АБА лигата и тоа на 27 октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни