Поврзете се со нас

АТП

Медведев со невкусен коментар за тенисот како спорт: Ракети одат во вселената, а ние…… (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Данил Медведев загуби од Карлос Алкарас во големото финале на Индијан Велс и веднаш по крајот на мечот не штедеше комплименти за шпанскиот ривал, но подоцна во прес-салата морал да го објаснува и своето однесување во тајбрејкот.

Русинот ги загуби нервите откако ги загуби првите три поени и бараше од судијата да му ја покаже видео-снимката од трагата на топчето кое заврши на линијата, а откако не му беше исполнета желбата поради строгите правила, Медо во свој стил негодуваше и порача.

– Тенисот е срање спорт, – гласеше пораката на светскиот рекет број четири, кој потоа во прес-центарот дал подетално образложение за ваквиот став.

– По мое мислење, постојат работи кои се застарени во тенисот. Сега нема линиски судии и тоа е во ред. Топката беше добра и сигурен сум дека е така, но имаме технолошки систем кој покажува каде завршила топката. Само сакав да ми ја покаже трагата, можеше да ми ја покаже на ај-пад. Ние сме во 2024-та година, ракети одат во вселената…….

– На Ајфон ми излегуваат за работи за кои зборувам во моментот. Кога зборувам со моите пријатели за голф, следната работа која ми излегува на телефонот е голф. Дојдовме до таа фаза, а во тенисот не може да ми вратат трага од топче од пред три удари. Не барав ништо посебно. Исто така, за мене необјасниво е на бетон топката да има друг отскок кога ќе тапне на основната линија, – порача Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни