АТП
Медведев по бесните конфронтации со италијанските фанови: Ја загубив главата… (Видео)

Данил Медведеве трет пат во низа загуби меч со Јаник Синер и мораше да му подаде рака на младиот италијански тенисер, овојпат на завршниот Мастерс во Торино.
Првото полуфинале му припадна на помладиот тенисер и Јаник само потврди дека игра во страшна форма, па со четвртата победа во серија се пласираше во големото финале.
Синер и Медведев повторно се погрижија за возбулив меч со три сета, но Италијанецот кој претходно имаше шест порази во исто толку меча со Русинот, полека почна да го пронаоѓа рецептот за победа над него.
Медо на моменти беше многу нервозен и сета фрустрација ја искажуваше на рекетот, но и на навивачите кои нормално го бодреа домашниот тенисер.
Данил во еден момент влезе во вербална расправија со една навивачка и бараше од неа да се симне на теренот, но по поразот од 6:3, 6:7 и 6:1 призна дека тој бил виновен за режираната сцена.
– Да бидам искрен, не се случи ништо посебно. Ја загубив главата поради направениот брејк. Треба да се биде искрен, публиката во Торино беше навистина добра цела недела.
– Точно е, се радуваа на моја двојна сервис грешка за брејк, но тоа е нормално кога играте против домашен тенисер. Исто така даваа аплауз на моите добри потези и не треба да се обрнува внимание на тоа. Јас бев тој кој ја загуби главата и тоа е тоа, – изјави Медведев по поразот во полуфиналето.
Medvedev vs the Italian crowd
It's all happening at the #NittoATPFinals… pic.twitter.com/uJgC1z0kJd
— Tennis TV (@TennisTV) November 18, 2023
Lanza la raqueta y manda callar a la grada.
El enfado de Medvedev. #LaPistaDelTenis pic.twitter.com/SzOAaUObKD
— Tenis en Movistar Plus+ (@MovistarTenis) November 18, 2023
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Светпред 11 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Италијапред 23 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 13 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Германијапред 24 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
АТПпред 24 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…