Поврзете се со нас

АТП

Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава

Објавено

на

Данил Медведев имаше успешен стар на турнирот во Пекинг каде лесно се справи со Томи Пол (6:2, 6:1) и веќе може да се фокусира на наредниот противник.

Секако желбата на Русинот е да го освои турнирот и со тоа да продолжи да освојува бодови и биде што поблиску до самиот врв на АТП листата.

-Каде и да одам се трудам да бидам шампион, така што сонот за број еден е сè уште жив. Сепак, свесен сум дека сум далеку од тоа и морам да се обидам да бидам во Топ 2 и да останам доволно блиску за да тоа го искористам на почетокот на 2024 година, -истакна Данил кој даде мислење кој ќе ја заврши оваа 2023 година на првата позиција.

-Мислам дека Новак (Ѓоковиќ) нема да игра на многу турнири, па логиката диктира Карлос Алкарас да заврши како број еден на крајот од годината. Што се однесува до мене, ќе дадам се од себе на сите турнири на кои играм, -заклучи Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни