Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мбапе: Имам многу проблеми, но Луис Енрике……

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе уште еднаш ја покажа својата класа на најголема фудбалска сцена и со два гола го однесе ПСЖ во четвртфиналето во Лигата на шампионите, по што реши за првпат да проговори за својот однос со тренерот Луис Енрике.

Шпанецот неколку недели наназад дава иронични изјави за напаѓачот откако Килијан го информираше клубот дека си заминува на крајот од сезоната, но по триумфот во Баскија над Реал Сосиедад, двајцата се прегрнаа и режираа сцена која изнуди коментар и од главната ѕвезда на „светците“.

– Мојот однос со Луис Енрике е навистина многу добар. Можеби луѓето мислат дека имам проблем со него, но навистина немам никаков проблем со него. Имам многу проблеми на други полиња, но Луис Енрике не е еден од нив, – изјави Мбапе.

– Сите знаеме дека на натпреварите во Лигата на шампиони се дава најдоброто. Јас секогаш сакам да ја играм Лигата на шампионите, секогаш се обидувам да го дадам најдоброто. Понекогаш ми успева тоа, понекогаш не.

– Знаевме дека не смееме да се опуштиме. 2:0 е опасен рерзултат, ако тие први дадеа гол, ќе беше доста потешко за нас со поддршката од публката. Добро беше што брзо им ја згаснавме надежта, – додаде Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни