Поврзете се со нас

Франција

Мбапе е подготвен да потпише нов договор со ПСЖ, ама ќе има приватна клаузула!

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе мина низ турбулентно летно во кое влезе во конфликт со управата на Пари Сен Жермен, па некое време не тренираше и не играше за „светците“ за да потоа таа криза се надмине, напаѓачот се врати на стандардните активности, ама не излезе информација како бил надминат проблемот.

Французинот и клубот имаа проблем околу договорот, играчот не сакаше да стави потпис на нов и најавуваше заминување во 2024 година што беше проблем за ПСЖ кој не сакаше да го пушти голгетерот без никакво обештетување.

По се изгледа на крајот двете страна пронашле решение за да сега „Тутомеркатовеб“ излезе со вест дека Килијан е подготвен  да ја продолжи соработката до 2026 година.

Напаѓачот е српемен да каже „ДА“ затоа што во договорот би требало да има приватна клаузула која се однесува на преселба во Реал Мадрид.

Останува да се види дали овие информации се точни, но тоа што е сигурно е дека и понатаму ќе бидеме сведоци на една сага, шпекулации, вести кои Мбапе го носат на „Сантијаго Бернабеу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни