Поврзете се со нас

Германија

Матеус бара минутажа за двајца заборавени играчи во Баерн: Не добија фер шанса

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Лотар Матеус е еден од најгласните критичари за случувањата во Баерн Минхен во изминатиот период, но ако досега имаше критики за работата на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ, сега реши да му даде и еден предлог на новиот тренер на баварците.

Томас Тухел воглавно се потпира на истите играчи кои ги бираше и Јулијан Нагелсман, но сериозната криза во која западна тимот сега го доведе Баерн во ситуација да стравува и за единствената титула која остана во игра.

По елиминациите во Купот и Лигата на шампионите, Баерн беше непријатно шокиран од Мајнц изминатиот викенд, па во последните пет рунди во Бундеслигата, Борусија е таа која влегува во предност за трофејот.

Баерн има очигледен проблем во офанзивниот дел во последно време, па затоа Лотар Матеус смета дека вистинско време е шанса да добијат играчите кои беа донесени како засилувања изминатото лето.

– Кога имате проблем во нападот и тоа е очигледно, зошто да не го пуштите младото момче да игра. Мислам на Тел, тој ги поседува сите квалитети кои треба да ги има еден напаѓач. Матијс Тел и Рајан Гравенберх треба да добиват многу повеќе шанси. Тие беа доведени за да го докомплетираат тимот, а не добија фер шанса за докажување, – вели Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни