Франција
Марселино се збогувал со играчите, голема легенда ќе го води Олимпик против Ајакс

Кризата во Олимпик Марсеј кулминираше со закана од ултрасите кон фудбалерите и раководството, а тренерот Марселино решил да го напушти клубот.
„Лекип“ пренесува дека денеска шпанскиот стручњак се збогувал со фудбалерите и наскоро ќе биде потврдено дека тој нема да ја извршува функцијата, одлука која доаѓа во пресрет на настапот во Лига Европа.
Францускиот клуб не успеа да обезбеди место во Лигата на шампионите, а првичните информации се дека на дербито со Ајакс на клупата ќе седи клупската легенда Жан-Пјер Папен.
Освојувачот на „Златната топка“ во 1991 година му е советник на претседателот на клубот од минатата година, а сега барем привремено би ја извршувал и тренерската функција.
Марселино дојде како наследник на Игор Тудор и го водеше Олимпик на само седум официјални натпревари.
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 20 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 21 час
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 19 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 21 час
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 21 час
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 22 часа
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)