Лига на нации
„Марка“ посвети посебна порака на „фудбалскиот Федерер“ од Хрватска: Секој негов натпревар буди носталгија (Фото)

Шпанија ја освои титулата во Лигата на нации и стана втората селекција по Франција која има освоено се што може да се освои на репрезентативно ниво, а со тоа ја остави Хрватска без толку посакуваниот прв трофеј во историски рамки.
Хрватската фудбалска репрезентација испиша многу убави фудбалски бајки и освои сребрен и бронзен медал на последните две Светски првенства, но голема желба на „коцкестите“ беше да ја прекинат лошата традиција и да освојат прв трофеј во финалето со Шпанија.
Избраниците на Златко Далиќ на крајот повторно мораа да му подадат рака на ривалот поради тоа што загубија во пенал рулетот, а шпанските медиуми кои се стационирани во престолнината искажаа и жалење за тагата кај Лука Модриќ по крајот на натпреварот.
Фудбалскиот маестро од Хрватска не успеа да ја прокнижи посакуваната титула со националниот тим, но „Марка“ му посвети моќни зборови кои доста добро ја отсликуваат кариерата која ја има на репрезентативно и клупско ниво.
– Модриќ, Федерер во светскиот фудбал! Неговите солзи навистина болат. Сите сакаат да го гледаат Модриќ како игра фудбал и сите знаеме дека сонуваше да освои титула со својата земја. Сепак, со текот на времето ќе сфати дека нема потреба од тоа, бидејќи неговиот фудбал е универзален и е за сите.
– Секој негов натпревар буди носталгија, особено кога сега неговото повлекување е се поблиску. Една година? Можеби две? Дај Боже да игра фудбал и после 2024-та година, бидејќи играчи како него се раѓаат еднаш во многу години. Тој е Федерер во светскиот фудбал, – потенцира „Марка“.
🧑🎨 EL ARTISTA
Sus lágrimas nos duelen a todos. Modric, al que siempre da gusto verle jugar, soñaba con un título con su país. Pero con el tiempo se dará cuenta de que no le hace falta, porque el fútbol de Luka es universal… #NationsLeague pic.twitter.com/JuISVUWz8H
— MARCA (@marca) June 18, 2023
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 12 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 15 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 23 часа
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Англијапред 18 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 17 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 14 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)