Поврзете се со нас

Шпанија

Марк Андре Тер Штеген со интересен заклучок: Реал Мадрид нема да ни даде…

Објавено

на

Шпанската Ла Лига на радост на многумина продолжува за девет дена со натпреварот помеѓу Севилја и Бетис.

Во продолжението од сезоната Барселона ќе влезе како првопласиран тим, а веднаш зад нив ќе биде Реал Мадрид кој заостанува само два бода во однос на каталонскиот клуб.

Барселона првиот натпревар по враќањето ќе го одигра на 13 јуни против Мајорка, додека Реал Мадрид еден ден подоцна ќе биде домаќин на Еибар.

Голманот на „каталонците“, Марк Андре Тер Штеген е свесен дека продолжувањето на сезоната ќе го дочекаат на многу поинакво ниво од претходно и јасно знае дека Реал Мадрид во остатокот од сезоната нема да им даде мир.

– Психички, мислам дека не сме биле на вакво ниво. Реал Мадрид со сигурност нема да ни даде мир во лигата.

– Кога станува збор за Лигата на шампионите имаме прилика да поминеме во следната фаза и секако дека сакаме да ја искористиме истата.

– Новиот фудбал очигледно ќе биде поинаков. Играњето без навивачи ни малку не е убаво, но барем топката повторно ќе се стркала, а тоа сите го сакавме, -изјави Тер Штеген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни