Поврзете се со нас

АТП

Мари немаше сили за ново чудо: Медведев со сигурна партија до титулата во Доха (ВИДЕО)

Објавено

на

Данил Медведев е победник на АТП турнирот во Доха и тоа откако во големото финале го надигра Енди Мари со 2-0 во сетови.

Ветеранот играше исцрпувачки мечеви, направи неколку чуда изминатава седмица од кои за издвојување е вчерашниот против Лехечка каде спаси пет меч топки, но денеска не можеше да направи ништо против сигурниот Медведев кој славеше со 6-4 и 6-4.

Русинот имаше асполутна контрола на играта, резултатот во двата сета и заслужено дојде до пехарот на овој настан од серијата 250. Со ова Данил стана прв играч кој во 2023 година освои два турнири во низа затоа што претходно беше најдобар и во Ротердам.

Со овој резултат Данил ќе напредува на АТП листата и ќе го мине Рафаел Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни