Поврзете се со нас

Англија

Марфи знае кој може да го замени Клоп во Ливерпул: Нема подобар кандидат од него

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп веќе долго време е на клупата на Ливерпул и ако не се случи нешто непредвидливо ќе го гледаме на ова место и во наредниов период, години.

Меѓутоа во фудбалот никогаш ништо не се знае и за кратко време можат да се променат работите, да отидат во непосакуван правец и едноставно да дојде до разделба. Дали тоа може да се случи и со Клоп времето ќе покаже, ама јасно е дека секоја приказна има почеток и крај, па Германецот ќе го напушти „Енфилд Роуд“ во иднина.

Дени Марфи како поранешен играч на „црвените“ има јасна идеја кој би можел, кој би требал да го наследи Клоп на таа функција-тоа е сегашниот предводник на Брајтон, Роберто Де Ѕерби.

-Го добив одговорот, па не сум загрижен (за евентуалното заминување на Клоп). Мислам дека Де Ѕерби е совршен. Тој дотогаш ќе биде подготвен (да го преземе). Мислам дека игра одличен фудбал, изгледа како силен карактер, го учи својот занает во оваа лига со Брајтон и одлично тоа го прави. Не гледам подобар кандидат.

-Работите во фудбалот се менуваат навистина брзо. Значи, вкусот на месецот може да биде некој друг ова време следната година. Но мислам дека тој е вистинската работа. Има нешто за него. Откако се сретнав и со него, можам да кажам дека има вистинска гравитација. Вистинско присуство. И го сакам начинот на кој играат неговите тимови.

-Ама сè уште не можам да го видам Клоп како си заминува. Тој го има овој нов прилив на играчи и се чини дека е воодушевен од почетокот на Ливерпул (сезоната) и ветувачкиот почеток на некои од новите засилувања, -порача Марфи за „Токспорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни