Поврзете се со нас

Свет

Марадона си посака три најискрени желби по повод јубилејниот роденден

Објавено

на

Диего Армандо Марадона денеска го слави својот роденден и полни точно 60 години, но истиот ќе го прослави во нависитна интимна атмосфера и изолиран од градскиот метеж поради опасноста да се зарази од коронавирус.

Легендарниот Дон Диего презема сериозни мерки во борбата против Ковид 19 и не сака да презема никакви ризици, па на денот кога слави 60 години, одработи ексклузивно интервју за „Кориере дело Спорт“, во кое посака три роденденски желби кои сака да му се исполнат.

– Во овој момент, не барам ништо за мене лично. Сакам оваа убиствена пандемија да си замине. Сакам да не остави на мир, особено оние земји и оние сиромашни луѓе кои не можат да се бранат од вирусот. Сакам да оствариме победа против вирусот и гладта која владее во цел свет.

– Ако можам да се навратам на фудбалот, сакам мојата Химназија да се врати на теренот и да ја осови титулата по пауза од цели 90 години.

– За крај, секогаш се вели дека не можат да се исполнат две желби без третата. Третата желба ми е Наполи да го осови Скудетото што е можно во поскоро време. Постојано ги следам и многу го сакам овој тим на Гатузо, – гласи роденденската изјава на Марадона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни