Поврзете се со нас

Македонија

Маневски и Јусуфи за уште посилен Гостивар, Михаилов потпиша за Тиквеш

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KFGGostivari

Македонските прволигаши ги градат своите екипи за новата сезона, па нови имиња во своите редови донесоа Гостивар и Тиквеш.

Повратникот во нашата најсилна фудбалска конкуренција ги доби потписите на Михаил Маневски и Фатјон Јусуфи. Маневски доаѓа од Шкендија, додека Јусуфи во претходната кампања играше за шампионот Струга Трим Љум.

Кога се работи пак за Тиквеш, ангажиран е Филип Михаилов кој доаѓа од Австрија од тимот на Маршвелд.

Тој им се приклучува на Ибиши, Спиркоски, Мојсов и напаѓачот Гасама кои досега беа доведени како засилувања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни