Поврзете се со нас

Европски купови

Манасков ги негираше најавите дека е пред промоција во Динамо Букурешт

Објавено

на

Во текот на денешниот ден романските медиуми пласираа вест дека македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков од следната сезона ќе го носи дресот на Динамо Букурешт.

Левокрилниот ракометар останува без договор по крајот на оваа сезона и ова лето сигурно ќе има нов клуб, но засега тоа нема да биде Динамо Букурешт.

Дека нема да има соработка со легендарниот тренер Чави Пасквал потврди самиот Манасков кој ги искористи социјалните мрежи за да докаже дека ваквите најави се само шпекулација.

Она што е повеќе од сигурно е дека Манасков ќе ја продолжи интернационалната кариера и нема намера да се врати во Македонија.

На интернационално ниво освен за Веспрем, Манасков играше и за Вецлар и Рајн Некар Левен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни