Поврзете се со нас

ВТА

Македонката ќе се бори за титулата во Ларнака: Ѓорческа после стоминутна битка се пласираше во финалето

Објавено

на

Лина Ѓорческа ја продолжи својата победничка серија на Кипар и утре ќе се бори за титутлата во големото финале на турнирот во Ларнака, откако денеска славеше и во полуфиналето против италијанската предизвикувачка.

Најдобрата македонска тенисерка најде решение за Нурија Бранкацо во меч кој траеше 101 минута, а Лина беше за брејк подобра во двата сета и не дозволи да се игра трет одлучувачки.

Тенисерката од Тетово славеше со 7:5 и 6:4 и го завери својот пласман во големото финале во Ларнака, турнир кој се игра на земјена подлога и чиј награден фонд изнесува 25 илјади американски долари.

Вчера, Ѓорческа ја елиминираше Зајцева која беше во налет со седум победи во низа, а по полуфиналниот расплет, знае и со кого ќе игра во завршниот чин.

Македонката за титулата ќе се бори против Луција Ќириќ од Хрватска, бидејќи петтата носителка на турнирот лесно се пласираше во финалето против Андреа Лазаро Гарсија. Првиот сет заврши со 6:0, по што Шпанката реши да го предаде мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни