Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија загуби и од Летонија, ќе се бори за седмото место на ЕП во Грузија

Објавено

на

По вчерашниот пораз од Естонија во четвртфиналето, македонските кошаркари до 20 години не пронајдоа преголема мотивација за надигрување во разигрувањето од 5-то до 8-то место и денеска загубија и од Летонија.

Машката малдинска репрезентација не успеа да се рехабилитира од вчерашното разочарување и претрпе нов убедливо пораз, овојпат изразен со резултат 85:62.

Селекцијата од Балтикот влезе многу посамоуверено на натпреварот кој се играше во Грузија и заслужено стигна до победата, па ќе остане во игра за петтото место.

Нашата селекција ја чека уште еден натпревар на ЕП од Б дивизијата, односно борба за седмото место на континенталниот турнир во Тбилиси.

Во завршниот чин на турнирот, Македонија ќе игра против поразениот од денешниот натпревар меѓу Бугарија и Шведска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни