Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија во вториот шешир: Квалфикацискиот распоред отвори голема надеж за пласман на ЕП

Објавено

на

Европската ракометна Федерација ја смести Македонија во вториот шешир во пресрет на ждрепката за квалификациите за Европското првенство во 2022-ра година, што дефинитивно е добра вест за нас откако бевме оставени без шанса да се бориме за пласман на Светското првенство.

Според рангирањето и новиот формат на Европското првенство, постојат навистина реални шанси да се најдеме на завршниот турнир и да оствариме нов настап на еден континентален турнир, бидејќи започнувајќи од оваа година, бројот на учесници се зголеми на 16 на 24.

Според избраните репрезентации во првиот шешир, идеално сценарио би било да ни се паднат Чешка или Исланд, бидејќи останатите селекции се Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција и Словенија.

Позитивно е што во вториот шешир има доста силни селекции кои не можат да ни се паднат, а идеално би било да добиеме и противник по мерак од третиот шешир кој е сочинет од репрезентации кои се под нашето реноме.

Квалификацискиот циклус за ЕП ќе започне на 4-ти ноември, а натпреварите планирано е да се одиграат до 2-ри мај наредната година. Домаќини на првенството ќе бидат Унгарија и Словачка, а пласман ќе обезбедат двете најдобро пласирани од групите, како и четирите најдобри третопласирани селекции.

ШЕШИР 1: Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција, Словенија, Чешка, Исланд.

ШЕШИР 2: Македонија, Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора, Холандија.

ШЕШИР 3: Швајцарија, Литванија, Романија, БиХ, Украина, Летонија, Полска, Белгија.

ШЕШИР 4: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово, Фарски Острови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни