Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија У-19 ги заврши квалификациите со реми против Летонија

Објавено

на

Фото: FFM.mk

Македонија одигра реми 1:1 против Летонија на последниот натпревар во групата од елитната фаза од квалификациите за ЕП за играчи до 19 години.

Нашата репрезентација беше домаќин на натпреварите од квалификациската група во која играа и Украина и Швајцарија, а денеска избраниците на Тони Јакимовски го освои првиот бод.

И покрај солидната игра, Летонците први поведоа денеска со голот на Межгарш, додека ремито го потврди Данев во 76. минута од натпреварот.

Македонија и Летонија го завршија циклусот со ист ефект, вклучувајќи ја и гол-разликата, додека Украина го освои првото место со три победи и максимален учинок во групата.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни