Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија ќе игра пријателски средби против Финска и Азербејџан во Скопје

Објавено

на

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за мечевите со Грузија и Бугарија во Лигата на нации, но во исто време стручниот штаб и фудбалерите дознаа какви предизвици ги очекуваат во месец ноември.

Имено ФФМ потврди две контролки кои на 17 и 20 ноември ќе се одиграат на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје.

Се работи за дуели со Финска и Азербејџан, селекции со кои интересно во 2018 година се соочивме во Белек, средби кои завршија без победник.

Во октомври, нашата репрезентација веќе го потврди пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни