Поврзете се со нас

Македонија

Македонија експресно пронајде замена за Симов (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/fkmakedonijagp1932

Горан Симов вчера заработи отказ од Македонија Ѓорче Петров после седум успешни месеци како предводник на стручниот штаб, период во кој „лавовите“ стигнаа и до историска одбрана на Куп трофејот.

Сепак, лошата форма во последно време и слабите резултати донесоа непосакуван епилог за сите во Ѓорче Петров, но брзината на фудбалот бара да се носат и болни одлуки.

Само еден ден по објавата за разделбата меѓу двете страни, актуелниот освојувач на Купот го именуваше новиот тренер, а тоа е Тони Џангаровски кој веќе го одработил првиот тренинг.

„Лавовите“ го објавија и името на неговиот помошник, асистентот Боби Божиновски.

– Без размислување го прифаќам предизвикот бидејќи верувам во успех со оваа екипа. Веќе на следниот натпревар ќе покажеме дека Македонија ЃП е победничка екипа, – најави Џангаровски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни