Поврзете се со нас

Свет

Мајсторскиот гол на Трајковски кој му беше поништен во пресметката со Роналдо (ВИДЕО)

Објавено

на

Александар Трајковски и неговиот Ал Фејха направи изненадување и му „украдоа“ два бода на Ал Наср во битката за титулата во Саудиска Арабија.

Гостите предводени од најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо не успеаа да го скршат отпорот на домаќините, поточно ова реми без голови може на крајот скапо да ги чини во трката за пехарот.

Меѓутоа Ал Наср од друга страна може да биде задоволен затоа што во првиот дел на домаќините им беше поништен погодок кој беше дело на Трајковски. Нашиот репрезентативец мајсторски биеше и ја затресе мрежаата на гостите, ама поради офсајд радоста на Трајковски беше скратена.

Акцијата со голот на Трајковски почнува на 0:50 од видеото со „хајлајтс“ од натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни