Поврзете се со нас

Свет

Магдевски победнички ја отвори приказната со Донар Гронинген

Објавено

на

Македонскиот плејмејкер, Андреј Магдевски имаше одличен почеток со својот нов клуб Донар Гронинген.

Магдевски денеска дебитираше за новиот тим и тоа против Ланштедe Хамерс во БНХТ лигата. Домаќините се изборија за славје од 72-69, победа во кој добар придонес имаше и Магдевски со 10 поени, 2 скока и 4 асистенции со што беше најдобар во оваа категорија во својата екипа.

Гадефорс со 18 поени беше прв стрелец за Гронинген кој со 5 триумфи и 6 порази се наоѓа на 6 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни