Поврзете се со нас

Италија

Лукаку се отвори за кошмарот во Германија: Не зборував со никого четири дена

Објавено

на

Интер беше ослободен во првото коло во Серија А поради фактот што до последниот ден играше во Лигата на Европа, натпреварување кое на крајот се претвори во болен сон за играчите на италијанскиот тим кој загубија во големото финале од Севилја.

Главен трагичар на финалето беше Ромелу Лукаку, најдобриот напаѓач на Интер кој најпрво при резултат 2:2 не искористи голема шанса, а потоа беше доста несреќен по „ножичките“ на Карлос и топката се одби од него пред да влезе во мрежата за 3:2.

Еден месец подоцна, Белгиецот одлучи да се соочи со реалноста и одработи прво интервју, а во истото откри дека четири денови не зборувал со никого по болната ноќ во Германија.

– Тоа беше навистина многу тежок момент за мене и затоа не сакав да зборувам. Верувајте, не зборував со никого цели четири дена.

– Потоа, еден ден станав и себеси си дадов причина да излезам посилен. Можете да загубите на важен меч, но само за да научите како да победувате. Така си дадов мотив да продолжам, – открива Лукаку за „Газета“ и во продолжение го коментира ангажманот на Артуро Видал.

– Мислам дека неговиот ангажман ќе биде многу важен за нас. Артуро е фантастичен играч, не може да освојувате толку многу работи во различни клубови ако не сте играч од светска класа, – коментира Белгиецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни