Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике со коментар за замената на Мбапе на полувреме: Порано или подоцна…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/PSG_English

ПСЖ вчера одигра реми без голови на гостувањето кај Монако, а Килијан Мбапе го засени натпреварот на кој се сретнаа неговиот актуелен и поранешен клуб.

Францускиот репрезентативец беше заменет на полувреме и вториот дел невообичаено го следеше од трибината во придружба на својата мајка, а тренерот Луис Енрике по средбата ја коментирал целата ситуација.

– Во фудбалот сум доволно долго, мора да знаете дека секој потег е важен во вака голем клуб.

– Порано или подоцна ќе играме без Мбапе и јас мора да ја најдам најдобрата солуција за тимот.

– Понекогаш ќе бидам во право, понекогаш ќе погрешам, мора да се навикнеме да играме без него. Не сакам да создавам контроверзи, правам тоа што е најдобро за тимот и одлуката за замената на полувреме беше моја, – рекол шпанскиот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни