Франција
Луис Енрике распали по победата: Ти си најнегативниот човек во историјата на фудбалот (Видео)

Луис Енрике ќе може да олади за време на репрезентативната пауза и да мисли на предизвиците кои ќе следат после две седмици, бидејќи неговиот ПСЖ вчера победи на тешкото гостување кај Рен и го намали притисокот кој се создаде во последно време.
Француските новинари се навистина немилосрдни кон Лучо и веќе го посочија како главен виновник за неубедливите изданија на тимот, но Луис Енрике не останува должен и веќе влезе во неколку конфликти со претставниците на седмата сила.
Така било и по вчерашниот меч во Рен кој заврши со резултат 1:3, кога Лучо влегол во жестока вербална пресметка со новинарот на Лига 1, Александре Луиз.
Претставникот на Лига 1 побара од Луис Енрике да го посочи најслабиот елемент на кој тој и играчите треба уште да работат, по што Лучо избувна и навистина дрско му се обрати пред камерите.
– Ти го гледаш само негативното, тоа е страшно….. На секое интервју истото, ти си најнегативниот човек во историјата на фудбалот. Кога победивме 4:1, ми кажа дека сме заслужиле да изгубиме. Играчите не се машини, Рен беше подобар во првите 25 минути и си реков дека мора да промениме многу нешта за да не загубиме. Фудбалот е спорт во кој работите се менуваат во одреден момент. Младите крај телевизорите разбираат се, ти си тој кој не разбира. Навистина тоа го мислам кога ми поставуваш вакви прашања, – порача Луис Енрике.
🥶 Luis Enrique n’a pas beaucoup apprécié les questions des journalistes qui ont été posé après le match par @FreeLigue1 !
Êtes-vous d’accord avec sa réaction ? pic.twitter.com/5ZEwlylZ8J
— SPORTS ZONE (@SportsZone__) October 8, 2023
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Италијапред 18 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 20 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 7 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него