Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике ги изненади, па ги изнасмеа новинарите на првиот прес: Не разбирам ниту еден проклет збор (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Луис Енрике денеска дочека промовираше како нов тренер на ПСЖ, а за да ги импресионира претставниците на медиумите, Шпанецот подготви кратко воведен говор кој го презентираше на француски јазик.

Популарниот Лучо реши да остави добар впечаток за старт на новата авантура, но набрзо призна дека не разбира ниту еден збор на француски и дека воведот била добра подготовка од неговата сопруга.

– Добар ден на сите. Сакам да искажам благодарност до клубот, на газдите, на претседателот и на спортскиот директор за довербата која ја имаа во мене. Се надевам дека ќе возвратам на нивната доверба со важни трофеи, – изјави Луис Енрике на француски, по што настана и мала врева во прес-салата.

Говорот на Шпанецот беше неочекуван за добар дел од новинарите, по што Луис Енрике им порача дека не ги разбира ниту збор и дека можат да зборуваат што сакаат.

– Се ќе биде добро за вас, бидејќи не разбирам ниту еден проклет збор…… Не разбирам ништо, така да може да кажете што сакате. Не беше добро што се претставив само со три фрази, но тие ги научив напамет од мојата сопруга. Таа знае перфектно француски јазик и беше мој ментор за оваа најава. Мислам дека ќе се забавуваме заедно, секаде сум имал таков однос со новинарите, – изјави Луис Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни