Поврзете се со нас

НБА

Лудо шоу од „ТНТ“ студиото на Шек и Баркли: Дончиќ доби прашање за својот секс, одговорот го изнасмеа регионот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Само еден скок го делеше Лука Дончиќ од сензационален трипл-дабл против Орландо Меџик, но и без тоа, Словенецот забележа историски потфат со партијата со која се најде во прв план.

Дончиќ стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој на два натпревари имал повеќе од 45 поени и 15 асистенции, а за да биде уште поимпресивно, Лука го направи тоа во период од неколку месеци.

Словенечкиот маестро во последно време игра во МВП форма, но покрај тоа што доминира на теренот, навистина е расположен и надвор од него.

Доказ за тоа е видеото кое ни пристигна од „НБА ТНТ“ студиото во кое обично брилјираат Шекил О’Нил и Чарлс Баркли, со тоа што овојпат воодушевил Кени Смит Јуниор.

Поранешниот НБА шампион му се обрати на Лука на балкански јазик, а притоа употреби едно вулгарно прашање за кое Дончиќ имаше подготвено одговор.

– Каде си брате, како е.еш?

– Така-така, – гласи одговорот на Дончиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни