Поврзете се со нас

Балкан

Лудило во Србија: Тренерот на Партизан се истепа со свој играч, па имаше говор за паметење (Видео)

Објавено

на

Партизан има старт од соништата во српската Суперлига и осанува лидер со девет победи и едно реми по десет одиграни кола, но победата над Спартак Суботица од 0:3 остана вос сенка на она што се случи во завршницата.

Куинси Мениг беше играчот кој го „извади од кожа“ тренерот на Партизан и Игор Дуљај режираше сцена каква што ретко се гледа на фудбалските терени, односно влезе во директна физичка пресметка со својот фудбалер кој не беше задоволен од измената во 87-та минута.

Инцидентот беше уловен од камерите и фоторепортерите во Суботица, но интересно, Дуљај не говореше за него по крајот на мечот, туку за тешката финансиска состојба со која се соочува Партизан.

– Постојат многу проблеми кои ми лежат на срце. ПФК Партизан не значи „помогнете му на фудбалскиот клуб“! Овие момци играат, со мене нека прават што сакаат. Потребно е да размислувам дали ќе ги исфрлат од станот во кои седат, да им зборувам дека тревата е зелена, дека небото е сино, дека цвеќињата цветаат во пролет…..

– Овие момци се јунаци, раката која дава секогаш е над онаа која прима. Нека дојде кој сака, нека го променат тренерот, но нека им дадат на овие момци за да преживеат. Имаат семејства, заслужуваат многу повеќе од тоа што добиваат. Не можам веќе да кажувам бајки, да размислувам за тоа кој ќе исфрлат од станот, дали имаат за млеко на нивните деца. Не е важен Игор Дуљај, благодарност и до навивачите кои одвојуваат пари после работа за да дојдат и да го туркаат Партизан…., – гласи говорот на Дуљај кој стана топ тема во Србија.

Фотогалерија од физичкиот контакт на следниот ЛИНК

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни