Поврзете се со нас

Франција

Лудило во Франција: Ст. Етјен испадна во Втора лига, бесните хулигани влетаа на теренот и гаѓаа со факели (Видео)

Објавено

на

Реваншот од баражот во Првата француска лига заврши со пенал драма на теренот, но и незапеметена мешаница каква ретко се гледа во најсилните лиги во светот.

Оксер по пауза од десет години се враќа во Лига 1 откако излезе како поуспешен во двомечот кој се решаваше во пенал рулетот, но тоа ги разбесни хулиганите на Ст. Етјен до тој степен, што веднаш по последниот пенал за победа на гостите влетаа на теренот и почнаа да ги бркаат фудбалерите.

Во моментите на лудили, радикалните навивачи користеа цврсти предмети и фрлаа факели на теренот и на трибината кадешто беа сместени раководните луѓе на клубот, па на крајот целата ситуација мораше да биде решавана само на еден начин.

Фудбалерите на двата тима спасуваа жива глава и најбрзите експресно се најдоа во соблекувалните и подтрибинскиот простор, а потоа со мало задоцнување реагираше полицијата и специјалците кои со солзавци ги бркаат бесните навивачи.

По двата одиграни меча, вкупниот резултат беше 2:2 (1:1 на двата натпревари), па на крајот победникот се решаваше на пенали, што во случајот е Оксер кој славеше со 5:4.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни