Поврзете се со нас

Мото ГП

Лудило на Каталуња: Квартараро возеше со разголени гради при брзина од 300 км/ч, Оливеира стигна до голема победа (Видео)

Објавено

на

Фабио Квартараро водеше битка за првото место на трката за Големата награда на Каталуња, но во завршните три круга се соочи со една бизарна ситуација, која направи да заработи казна од контролорите на патеката.

Лидерот во генералниот пласман имаше проблеми со протекторот од својот комбинезон и реши да се ослободи од истиот за време на трката, па последните три круга ги возеше со разголени гради што беше доста ризично при брзина од повеќе од 300 километри на час. Французинот беше минат од Жоан Зарко, но поради казната која ја доби за напуштањето на патеката, на крајот заврши четврти зад Џек Милер.

Победник на трката во Каталонија беше фантастичниот Мигел Оливеира кој славеше со својот КТМ, а друштво на пиедесталот му правеа двајцата возачи на Дукати, Жоан Зарко и Џек Милер.

Зад четвртопласираниот Квартараро се најдоа Шпанците Жоан Мир и Маверик Вињалес, а во првите десет завршија Бањаја, Биндер, Морбидели и Бастијанини.

Нов разочарувачки викенд имаа Марк Маркез и Валентино Роси, бидејќи и двајцата не ја завршија трката и со пад на асфалтот останаа без пласман и без бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни