Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лучијано призна дека стравувал од еден ривал во ЛШ: Задоволен сум што ги избегнавме

Објавено

на

Наполи одигра импресивно добро во првата фаза на Лигата на шампионите и заврши прв во групата во која беше и Ливерпул, а вчера го дозна и ривалот кој ќе го има во првата нокаут рунда во најелитното натпреварување.

Лидерот во Серија А беше поставен како еден од осумте носители во ждрепката, па судбината посака да има ждрепка по мерка, односно доби навистина прифатлив ривал против кој ќе влезе како фаворит во осминафиналето.

Ајнтрахт Франкфурт се чини дека е најдоброто нешто што можеше да го добие Наполи заедно со Клуб Бриж, а Спалети призна дека посебно стравувал да не му се падне ПСЖ кој отиде на мегдан против Баерн Минхен.

– Небитно е да се прават прогнози во овој момент. На ова фудбалско ниво, секоја ждрепка е тешка. Сепак, мора да признаам дека сме задоволни што ги избегнавме ПСЖ.

– Да не заборавиме, Ајнтрахт ја освои титулата во Лигата на Европа, што е второ по ранг најсилно натпреварување во Европа. Тоа е топ тим и нема да ни биде лесно, – изјави Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни