Поврзете се со нас

Италија

Лотито со контроверзен став за прекинатиот меч на Рома: Се знаеше дека не е ништо сериозно

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Рома и Удинезе го прекинаа својот натпревар од Серија поради сомневањата за сериозен здравствен проблем на Еван Н’Дика од редовите на гостинската екипа, а деталните прегледи покажаа дека фудбалерот на Рома сепак не доживеал некој сериозен проблем со работата на срцето.

Двете екипи сега ќе треба да ја доиграат средбата од 72. минута на 25. април, а ваквиот епилог донесе контроверзен коментар од страна на претседателот на градскиот ривал Лацио.

Клаудио Лотито смета дека двете екипи требало само да почекаат и да продолжат, бидејќи било повеќе од јасно дека Н’Дика не е во толку опасна состојба.

– Да бидеме искрени, тие го прекинаа натпреварот за нешто што не треба да има такво решение.

– Јасно беше дека не е толку лоша ситуација, требаше само да почекаат и подоцна да го доиграат натпреварот, – изјавил Лотито, кој очекувано предизвика незадоволство кај голем број фанови и пред се тие на „волчицата“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни