Поврзете се со нас

Англија

Лорис по потопот од Динамо: Ова е срамота!

Објавено

на

Премиерлигашот Тотенхем доживеа болна и тешка елиминација од Динамо Загреб во осминафиналето на Лига Европа, резултат од кој може да има последици, големи промени, а тоа се гледа и по првата изјава на еден од најискусните играчи во екипата Иго Лорис.

Лидерот на тимот од Лондон смета дека поразот и елиминацијата се срамни, но во исто време се рефлексија, одраз на тоа што се случува во клубот.

-Ова е срамота. Се надевам дека сите во соблекувалната се чувствуваат одговорни. Екипата во моментот е само одраз на тоа што се случува во клубот. Ни фали основата, темелот. Целата изведба е само во врска со тоа.

-Начинот на кој играме едноставно не е доволен. Имавме одличен момент во минатото затоа што можевме да веруваме во заедништвото во тимот. Денеска, повеќе не сум сигурен во тоа, -истакна капитенот на Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни