Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул со пресврт до дерби победа против Арсенал (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Ливерпул славеа над Арсенал со 3-1 во дербито на колото во Премиер лигата.

„Црвените“ ги загубија претходните две битки со избраниците на Артета, но вечерва ситуацијата беше поинаква со тоа што шампионот до победата мораше да стигне со пресврт. „Топчиите“ беа тие што го отворија резултатот преку Лаказет кој ја искористи грешката на левиот бек Робертсон.

Домаќините веднаш одговорија и во 28 минута преку Мане израмнија на 1-1. Набрзо дојде и голот за комплетен пресврт и тоа преку бековската линија на Ливерпул, Александер Арнолд-Робертсон. првиот ја имаше улогата на асистент, вториот на реализатор.

Со овој резултат се замина на пауза по што во вториот полувреме Арсенал преку Лаказет имаше неколку изгледни шанси за израмнување, истите не беа искористени, па стигна казна на спротивната страна преку нововлезениот Жота во 88 минута.

Ова за португалскиот интернационалец беше првенец во дресот на новата екипа.

Клубот од „Енфилд Роуд“ сега има „три од три“ и го дели врвот заедно со Лестер и Евертон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни