Поврзете се со нас

Германија

Левандовски дојде до рекордот на Милер, Шалке го шокираше Ајнтрахт Франкфурт

Објавено

на

Старо-новиот германски шампион Баерн Минхен не успеа да слави на денешното гостување кај Фрајбург во рамките на претпоследното 33. коло во Бундеслигата.

„Баварците“ двапати водеа преку Левандовски и Сане, ама домаќините успеваа да се вратат за конечни на крајот 2-2. Со денешниот погодок Роберт дојде до бројката од 40 со што го израмни рекордот на легендарниот Герд Мелер.

Најголемото изненадување денеска го направи отпишаниот Шалке кој славеше против Ајнтрахт Франкфурт, тим кој се бори за пласман во ЛШ. Клубот од Гелзенкирхен славеше со 4-3, резултат кој значи дека ако Дормтунд утре слави над Мајнц тогаш обезбедува билет за елитното натпреварување.

Нашиот Дарко Чурлинов одигра пак 28 минути во пресврт победата на Штутгарт над Борусија Менхенгладбах. Токму во влегувањето на Даре, гостите ги дадоа головите преку Ендо и Калајџиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни