Поврзете се со нас

Франција

Леонардо за можниот трансфер на Меси во ПСЖ: Кога некој зборува…

Објавено

на

Спортскиот директор на францускиот шампион Пари Сен Жермен, Леонардо даде коментар за можниот трансфер на Лионел Меси во нивните редови во 2021 година.

Капитенот на Барселона е во последните месеци од договорот и се е отворено кога е во прашање неговата иднина, а медиумите во последните денови пренедуваат дека ПСЖ е сериозна негова следна потенцијална дестинација.

Нејмар пред неколку денови порача дека сака следната сезона да игра со Меси, потоа француските медиуми пренесоа дека Аргентинецот е високо на агендата на „светците“ за да потоа краток коментар има претседателот Насер Ал-Келаифи за да сега на таа тема проговори и Леонардо.

Нејмар испорача „бомба“ за Меси од подтрибинскиот простор на „Олд Трафорд“: Следната година… (Видео)

Претседателот на ПСЖ проговори за можноста за трансфер на Меси

-Не. Знаете, нормално е Нејмар да го каже тоа на аргентински новинар. Тој мораше да зборува за Меси. Тоа е нормално. Ние мора да одржуваме почит кон другите. Тој е играч на Барселона. Кога некој зборува за нашите играчи, ние не сме задоволни. Значи, не ги допираме туѓите играчи. Сега не е време да се размислува за преодниот рок.

-Ние сме многу задоволни од составот што го имаме. Размислуваме за нашата сезона и крајот на првиот дел од сезоната, што беше многу комплицирано. Ние мора да останеме фокусирани на нашите цели, како што се пласман во нокаут фазата на Лигата на шампионите. Исто така мора да размислуваме за Лига 1 и да избегнеме да се најдеме во комплицирана ситуација. Да го задржиме нашиот фокус, -порача Леонардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни