Поврзете се со нас

Франција

Претседателот на ПСЖ проговори за можноста за трансфер на Меси

Објавено

на

Аргентинскиот репрезентативец, Лионел Меси е во завршните месеци од договорот со Барселона, па сосема очкува со оглед на таквата ситуација има многу гласини, информации, шпекулации за неговата иднина на „Камп Ноу“.

Едно време Меси се поврзуваше со Интер, потоа Манчестер Сити за да последниве денови актуелен стане Пари Сен Жермен. Се тргна од изјвата на Нејмар дека сака да игра со Меси во наредната сезона, потоа РМЦ излезе со вест дека извори од клубот не ја отфрлаат можноста напаѓачот да направи трансфер на „Паркот на принцовите“ за да сега кратко на темата проговори претседателот на актуелниот европски вицешампион, Насер Ал-Келаифи.

-Меси е играч на Барселона. Не можам да зборувам за тоа, -рече Ал Келаифи со што ги остави отворени сите опции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни